ВИДЕО: Артур на тренингот во Барса одржа проштален говор по потписот за Јуве

Барселона и Јувентус ги договорија сите услови, па Пјаниќ и Артур ќе ја заменат средината, а шпанскиот клуб ќе добие плус десет милиони евра. 

Трампата е официјализирана, а бразилскиот играч за врска на денешниот тренинг одржа говор пред соиграчите кој беше протолкуван како проштален поради заминувањето. 

  • Говорот кој Аргур на тренингот на Барселона: 

Артур сепак ќе го одигра крајот од сезоната во Барселона и ќе помогне во битката за титулата во Примера и Лигата на шампионите, па дури потоа ќе се пресели во Торино. Бразилскиот играч за врска стави потпис на договор со Јувентус во времетраење од пет години, а ќе заработува 5,5 милиони евра годишно.