Артим Шаќири си поднесе оставка на тренерското место во косовски Фљамуртари

Легендарниот Артим Шаќири не е повеќе тренер на косовскиот клуб Фљамуртари од Приштина, откако, вчера, по само десет натпревари од почетокот на сезоната, си поднесе оставка. Неполни пет месеци траеше авантурата на Шаќири во Косово. Фљамуртари по десет кола во косовското првенство собра само девет освоени бода и запиша две победи.

Само две екипи имаат полош учинок во косовскиот шампионат од Фљамуртари од Приштина.

46-годишниот Шаќири заминува поради приватни причини, а не поради слабите резултати. Клубот набргу ќе го именува неговиот наследник. Во Фљамуртари настапува македонскиот интернационалец Ристе Илијовски.

Пред да работи во Косово, Шаќири ги водеше Шкендија и албански Кукеши.