Артета за поништениот гол и недосудениот пенал: „За мене сè е јасно и очигледно“

Фудбалерите на Арсенал го забележаа вториот овосезонски пораз во Премиер лигата, откако на гостувањето кај Астон Вила загубија со минимални 1-0.

Стрелец на единствениот гол беше Џон Мекгин во седмата минута од натпреварот, а гостите од Лондон постигнаа гол во 90. преку Каи Хаверц. Сепак, нивната радост беше залудна, бидејќи по прегледите во ВАР- собата, судијата Џаред Жилет го поништи голот поради играње со рака.

Микел Артета овој пат не дозволи да се вклучи во приказната за судењето, за кое веќе беше казнет. Тој беше суспендиран поради три жолти картони, па натпреварот го следеше од трибините. На прашањето што мисли за одлуката на судијата да го поништи голот и да не досуди пенал по стартот врз Габриел Хесус, тој само кратко рече:

„За мене сè е јасно и очигледно“.

Кога станува збор за самиот натпревар, тој смета дека неговиот тим требало да победи.

„Не сум задоволен од резултатот. Горд сум на тоа како мојот тим одигра против овој тим на овој стадион. Топката не сакаше да влезе во голот, особено во второто полувреме“, вели Артета.

Со овој пораз Арсенал го испушти лидерското место на табелата, кое сега му припаѓа на Ливерпул.

Состави

Унаи Емери

4-4-1-1

    Микел Артета

    4-3-3