Артета сакал да ги промени голманите на среде натпревар: Немав храброст

Екипата на Арсенал победи со 0-1 кај Евертон во петтото коло од Премиер лигата. Голот за лондонскиот тим вреден три бода го постигна Леандро Тросард во 69. минута на асистенција на Букајо Сака

На овој натпреварот за Арсенал дебитираше голманот Давид Раја кој летово пристигна од Брентфорд. Менаџерот Микел Артета го остави на клупата Арон Рамсдејл, кој дотогаш беше стандарден. Артета по натпреварот изјави дека претходно размислувал да ги смени голманите во текот на натпреварот за да се обиде да го промени текот на играта:

„Има работи за кои се каам. Тоа беше во два наврати, по 60. и по 85. минута на два натпревари. Можев да го сменам голманот и не го направив тоа, немав храброст да го направам тоа. Ремизиравме на тие натпревари и бев многу несреќен. Некој ќе го смени голманот за време на натпреварот и тоа ќе биде чудно. Ќе се прашувате зошто, но кажи ми зошто да не?

Ако ги имате сите квалитети на другиот голман да промените нешто, или ако нешто се случи на теренот и сакате да го промените текот на играта, тогаш направете го тоа“, рече Артета.

Арсенал по пет одиграни кола во Премиер лигата има четири победи и само едно реми.