Артета: Подготвени сме, но исто така свесни дека нема да биде лесно во Бергамо

Завесата на првото коло од новиот формат на Лигата на шампионите ќе биде спуштена нешто пред полноќ кога ќе завршат преостанатите шест натпревари од елитното европско натпреварување.

Централен настан на вечерта ќе биде во Бергамо, каде што освојувачот на Лигата на Европа, Аталанта ќе го пречека англискиот гигант Арсенал. Менаџерот на премиерлигашот, Микел Артета вели дека овој дуел е најважен за неговиот тим .

„Свесни сме што значи овој натпревар за играчите, навивачите и целиот клуб. Започнуваме ново учество во најдоброто натпреварување во светот и сакаме да се претставиме во најдобро можно светло. Подготвени сме, но исто така свесни дека нема да биде лесно во Бергамо. Италијанскиот претставник има одличен тим, тие го потврдија тоа лани со трофејот во Лигата на Европа и знаеме дека вечерва ни претстои тешка задача“, изјави Артета.

Денешната програма започнува со дуелот на „Маракана“ меѓу Црвена Звезда и Бенфика, а возбудливо треба да биде и во Монако, каде домашниот тим го пречекува шпанскиот гигант Барселона.