Артета побара ВАР да се вклучи и во групната фаза од Лигата на Европа

Екипата на Арсенал е максимална по три кола во Лигата на Европа, каде иако игра со комбиниран и млад тим, сепак победува. 

Во вчерашниот триумф против Молде (4-1), погодокот на Еди Нкетија беше поништен поради наводна недозволена позиција, иако не беше таков случајот. По мечот, предводникот на „топџиите“ нагласи дека е потребна ВАР технологија и во групната фаза. 

„Ако веќе имаме технологија и веруваме дека тоа е најдобар начин, треба да се користи и во Лига Европа. Се жалевме кај судиите, бидејќи на сите ни беше јасно дека нема офсајд. ВАР можеше да ја промени одлуката“, смета Артета. 

Инаку во Лигата на Европа се користи видео-технологијата ама само во нокаут фазата од натпреварувањето, додека во групната фаза судиите немаат помош, освен таа од помошниците на теренот.