Артета по потписот со Арсенал: Ова е само почеток на нашите успеси!

Микел Артета и Арсенал ќе продолжат заедно и во следните години. Лондонскиот клуб официјално потврди дека шпанскиот стратег потпишал нов договор, со кој се обврза на соработка до јуни 2030 година.

По потписот, Артета не го криеше задоволството што ќе продолжи да го предводи клубот.

„Привилегија е да ја посветам својата иднина на овој клуб и да продолжам да работам со извонредни луѓе кои го сакаат најдоброто за Арсенал. Овој клуб е уникатен, има посебен карактер и создава чувство кое е тешко да се опише. Многу сум горд што нашето заедничко патување ќе продолжи“, изјави Артета.

Шпанецот посебно ја истакна поврзаноста со навивачите и откри дека верува оти најдоброто допрва следува.

„Веќе изградивме посебна врска и создадовме спомени кои ќе траат цел живот. Она што најмногу ме возбудува е чувството дека ова е само почеток на она што можеме да го постигнеме заедно.

Ова е многу горд момент за мене и за моето семејство. Ја чувствувам љубовта и почитта од нашите фантастични навивачи, а тие ја имаат мојата“, додаде тренерот.

Артета досега ги освои Премиер лигата и ФА Купот, како и и трипати Комјунити Шилд со Арсенал, а минатата сезона играше и во финалето на Лигата на шампионите. 

Со продолжувањето на договорот до 2030 година, Арсенал јасно стави до знаење дека иднината на клубот и понатаму ја гледа под водство на Артета.