Артета: Ова беше клучна победа, публиката ни даваше дополнителна енергија

Фудбалерите на Арсенал остварија голема победа од 3-1 во дербито од 34. коло на Премиер лигата со Манчестер Јунајтед.

Со овие три бода тимот од Лондон направи важен чекор кон враќањето во Лигата на шампионите. Практично му зададе удар на ривалот кој по овој неуспех нема да може да се соземе, бидејќи Јунајтед има меч повеќе, но и шест бода помалку од Арсенал. 

По натпреварот, менаџерот на Арсенал, Микел Артета беше презадоволен.

„Ова беше клучен натпревар за нас, имавме два и пол дена да се опоравиме по победата над Челзи. Сакавме повторно да победиме и знаевме колку ќе ни бидат важни навивачите. Тие нè туркаа со голема енергија. Наша желба беше да започнеме брзо и први да постигнеме гол и да се подигне публиката на нозе“, вели Артета.

Јунајтед со голот на Роналдо успеа да се врати во игра, но крај на сите надежи на „ѓаволите“ стави Џака со погодок кој според Ралф Рангник беше нерегуларен.

Состави

Микел Артета

4-2-3-1

    Ралф Рангник

    4-2-3-1