Артета не се предава од капитенот: Тој сфати дека Арсенал се движи по правиот пат

Екипата на Арсенал повторно е освојувач на англискиот ФА Купо. „Топчиите“ во големото финале на „Вембли“  го совладаа градскиот ривал Челзи (2-1), а човек на одлука беше капитенот на тимот, Пјек Емерик Обамејанг.

Искусниот напаѓач со два гола донесе големо славје за својот тим, а по натпреварот менаџерот Микел Артета испрати охрабрувачка порака до фановите. Шпанскиот стратег изјави дека со овој успех Обамејанг сфатил на кој пат се движи тимот, па очекува наскоро да го потпише продолжување на соработката.

„Обамејанг добро знае кое е моето мислење за него. Сакам да го градам тимот околу тој играч. Сметам дека сака да остане со нас и во иднина и само прашање на време е кога ќе постигне договор. Денешниот натпревар и освоениот пехар ќе му помогнат да сфати дека сме на вистинскиот пат и тој треба да биде важен дел од тој пат. Мислам дека набрзо ќе се постигне договор“, изјави Артета.

Одличниот напаѓач веќе подолго време е поврзуван со заминување од „Емирати“, но дали ќе се случи тоа ова лето, наскоро ќе дознаеме. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.