• Саше Љолес

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, не го криеше задоволството по победата над Атлетико Мадрид (1-0) во Лигата на шампионите и пласманот во големото финале, истакнувајќи дека целиот вложен труд конечно дава резултат.
Шпанскиот стратег потенцираше дека играчите заслужуваат признание за напредокот, особено поради континуитетот и начинот на кој реагирале во тешки ситуации. Тој додаде дека ваквите резултати се плод на долг процес и посветена работа.
„Сè што работевме во изминатиот период сега има смисла. Играчите го одработеа договореното, беа одлични во сите ситуации на теренот. Реагиравме добро на нивниот притисок во финишот и покажавме дека сме позрели за пласман во финалето“, порача Артета.
Арсенал со оваа победа уште еднаш потврди дека е сериозен конкурент на европската сцена, а Артета верува дека тимот има потенцијал да дојде и до шампионскиот трофеј во елитното натпреварување.




