• Горан Упале
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, жали што неговиот тим не забележа нова победа во Премиер лигата, но е реалистичен во врска со исходот од гостувањето кај секогаш незгодниот Брентфорд. Лондонските „топџии“ одиграа многу тежок и тврд натпревар, ремизирајќи 1-1 (0-0).
„Започнавме без контрола и доминација, но потоа влеговме во ритам и имавме шанси за гол. Второто полувреме го започнавме брилијантно. Дадовме гол, имавме контрола, но потоа играта стана хаотична. Тие се еден од најдобрите тимови од прекини, можат да ја уфрлат топката од каде било на теренот. Тие се вистинска закана и тешко е да се брани. Откако ќе влезете во таа игра, многу е тешко да се излезе. Станува вистински кошмар“, нагласи Шпанецот.
„Топџиите“ се на врвот на табелата со 57 бода, четири повеќе од Манчестер Сити. Брентфорд е на одлично седмо место со 40 бода.











