• Саше Љолес
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изрази големо задоволство по гостинската победа од 2-0 против Барнли, која ги врати „топчиите“ на врвот на Премиерлигата.
Лондонскиот тим одигра уште еден брилијантен натпревар и создаде безброј добри шанси, но стратегот смета дека е рано за било каква еуфорија и повика на смиреност кај играчите.
„Начинот на кој ја започнавме средбата беше фантастичен. Мислам дека во првото полувреме бевме извонредни. Постигнавме два гола, можевме и уште два-три, а не дозволивме противникот да создаде шанса. Тоа беше рецептот за победа.
„Не бевме толку прецизни со топката и моравме да направиме неколку промени, но дефанзивно повторно бевме на висина на задачата. Чистата мрежа е заслужена награда за нас. Никаква еуфорија, немам намера да мислам на титулата. Одиме чекор по чекор и мора да останеме смирени“, рече Артета.
Со оваа победа Арсенал ја продолжува серијата без пораз и останува во тесната трка за титулата на стартот од сезоната. Следниот предизвик за избраниците на Артета ќе биде дуелот против Њукасл Јунајтед, каде ќе се обидат да ја продолжат позитивната форма.










