Артета: Челзи е во добра форма, но јас дојдов за да ги вратиме трофеите во Арсенал

Арсенал одигра уште една турбoлентна сезона, во која се сменија дури три тренери. Сезоната ја започна Емери, привремено го замени Љунгберг, за потоа да ја препушти клупата за Микел Артета, кој солидно си ја врши работата и „топџиите“ заиграа подобро. 

Покрај сè, Арсенал има можност да се бори за нова титула и тоа во „своето“ натпреварување, во кое е рекордер со 13 победи во финалето. Денешната средба против градскиот ривал ќе биде тешка, младиот тим на Челзи е мотивиран и со сигурност нема лесно да го „положи оружјето“. 

„Возбудени сме, Арсенал многу пати го освојувал трофејот и сакаме да го направиме тоа повторно. Финале е, единствен фокус е победата. Играат два големи клубови, Челзи е во добар моментум на форма и на одлично ниво, но ќе се обидеме да победиме. Работевме напорно, јас дојдов да ги вратам трофеиоте, поради играчите, клубот и навивачите. Имав контакти со Венгер во последните месеци, тој ми е поддршка и ми дава совети. Поради него се чувствувам помирно“, изјави Артета. 

Средбата на „Вембли“ е закажана за попладнево со почеток од 18:30 часот, а екипата на Челзи е благ фаворит наспроти „топџиите“ според зборот на бубмејкерите.