Артета: Ако кажам што мислам ќе ме суспендираат на шест месеци!

Микел Артета, менаџерот на Арсенал, беше видно незадоволен од судијата по поразот на неговиот тим во еден од клучните натпревари во сезоната против Тотенхем (3-0), особено за црвениот картон кој го заработи Роб Холдинг (втор жолт картон во 33. минута).

Тотенхем со овој триумф е на само еден бод помалку од Арсенал, кој е на четвртата позиција на табелата, последна која што носи Лига на шампионите следната сезона.

„Не можам да ви дадам искрена оценка за овој натпревар, бидејќи тогаш ќе ме суспендираат на долго време, на шест месеци. Сакам да бидам искрен, а сега не можам да бидам таков. Горд сум на моите играчи – овој натпревар заврши, загубивме и го прифаќаме тоа. Гледаме кон дуелот в понеделник против Њукасл“, изјави Артета,

На тој начин, шпанскиот стратег избегна коментар за исклучувањето на Холдинг, како и за најстрогата казна која што Тотенхем ја доби во 22. минута.

Состави

Антонио Конте

3-4-2-1

    Микел Артета

    4-2-3-1