Арсими пазареше од Брера, пристигна Ѓорѓи Дошев

Прволигашот Арсими продолжува активно да го засилува тимот за новата сезона, а најново име во клубот е Ѓорѓи Дошев. Станува збор за дефанзивен играч за врска, кој пристигнува од редовите на Брера.

Дошев и покрај младите години зад себе веќе има прволигашко искуство, откако претходно настапуваше за Македонија ЃП и Вардар, клубови со кои редовно беше дел од натпреварите во Првата македонска фудбалска лига.

Неговите квалитети се препознаени и на репрезентативен план, па моментално е стандарден член на младата репрезентација на Македонија до 21 година.

Покрај Дошев деновиве Арсими претстави уште две засилување. Станува збор за Лорик Каба Јакупи и Салватор Рибаудо.