Арсими остана без тренер, Бујар Ислами си поднесе оставка

Македонскиот второлигаш Арсими остана без тренер, затоа што актуелниот предводник Бујар Ислами реши да си поднесе оставка.

Оставката на поранешниот тренер на Ренова кој дојде како голем адут во новајлијата во второлигашкото друштво доаѓа по поразот од Саса. Во клупското соопштение објавија дека Ислами си заминал поради приватни причини.

Управата на Арсими ја прифати оставката на тренерот со образложение дека таквото решение е најдобро за сите. Воедно, тимот од Чегране му се заблагодари на стратегот за придонесот кој го дал на стартот на сезоната во ВМФЛ.

Арсими по седум одиграни кола се наоѓа на деветтото место во ВМФЛ, со девет освоени бода.