• Иван Димовски
Фудбалот во европските и светските лиги е на пауза поради обврските на репрезентациите.
Оваа репрезентативна пауза дел од клубовите од мак-фудбалот ја користат за тест дуели, а ќе има и еден прволигашки. Арсими потврди дека во вторник на 14 октомври ќе го дочека Силекс.
Натпреварот на прволигашките ривали ќе се одигра на „Градскиот стадион“ во Гостивар во терминот од 15:00 часот.
Арсими сезонава веќе играше против Силекс во ПМФЛ и на домашен терен загуби минимално (0-1).

