Арсими го врати Шпанецот Гони во тимот

Македонскиот прволигаш Арсими го официјализираше враќањето на Маркел Гони во своите редови.

Шпанскиот фудбалер повторно ќе го носи жолто-црниот дрес, откако во вториот дел од минатата сезона остави одличен впечаток со своите настапи и беше еден од позабележителните играчи во тимот.

Иако имал понуди од други клубови, Гони одлучил повторно да ја избере онаа на Арсими и да дојде во добропознатата средина во која лани одигра 13 натпревари во ПМФЛ на кои даде три гола.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.