• Горан Упале

Екипата на Арсими продолжува активно да го засилува тимот за новата сезона, и го потврди доаѓањето на нигерискиот играч за врска Ибрахим Олаосебикан.
Дваесет и шестгодишниот фудбалер пристигнува на позајмица од редовите на Вардар, каде што во изминатата сезона одигра 20 натпревари. Претходно остави одличен впечаток во македонскиот шампионат настапувајќи две сезони за Брера, а во својата кариера има интернационално искуство и во литванските прволигаши Хегелман и Судува.
Олаосебикан зад себе има повеќе од 160 професионални настапи, а во Арсими пристигнува како големо засилување во борбата за клупските амбиции во претстојната сезона.






