Арсими донесе младински репрезентативец на Македонија

Второлигашот Арсими активно работи на тимот за следната сезона и ново име во екипата е младинскиот репрезентативец на Македонија, Азис Јамини.

17-годишниот крилен играч доаѓа од Ренова каде играше за младинските погони, но исто доби и шанса во првиот тим за кој досега одигра четири натпревари. Ислами одлично го познава овој играч поради неговата историја со „гипсарите“.

Јамини лани постигна вкупно 12 гола во младинскиот тим на Ренова. Досега, играше за У14, У15, У16 и У17 репрезентациите на Македонија. Ренова е единствениот клуб досега во неговата кариера.

Нови имиња во тимот се и Леон Селими, Емир Алиу, Нинослав Здравковски од Тетекс, заедно со Арѓент Гафури, Саимир ФетаиБурим Садики, Вулнет Ислами од тимот на Ренова.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.