• Саше Љолес
Евертон и Арсенал се сретнаа во натпревар од петтото коло во Премиер лигата и „топчиите“ од Лондон сосема заслужено извојуваа минимален триумф со резултат 0-1 (0-0).
- Извештај од натпреварот:
Првото полувреме понуди возбудлива игра. Арсенал беше порасположен и имаше неколку одлични акции, а постигна и гол преку Мартинели, но истиот беше поништен поради офсајд-позиција. „Топчиите“ беа многу поблизу до водство, но мрежите мируваа и на паузата резултатот беше 0-0.
Вторите 45 минути донесоа слична слика на теренот. Гостите од Лондон беа поконкретни и напаѓаа силно по домашниот гол, а „мразот го скрши“ Леандро Тросард, кој го отвори резултатот во 69. минута, по една прекрасна акција на Арсенал. Евертон немаше „муниција“ да му се спротивстави на силниот ривал, иако тимот на Шон Дајч имаше 2-3 солидни прилики за израмнување на резултатот.
Арсенал успеа да ги затвори приодите кон својот гол и сосема заслужено на крајот славеше минимална, но важна победа со конечни 0-1. Момчињата на Микел Артета сега имаат 13 бода и се наоѓаат на четвртото место, додека Евертон продолжи со очајната форма и во моментов е на 18. позиција, со само еден освоен бод.