• Иван Димовски
Фудбалерите на Нотингем Форест успеаја да му одолеат на лидерот во Премиер лигата Арсенал и одиграа нерешени 0-0 во средбата од 22. коло.
- Извештај од натпреварот:
Мечот на „Сити Граунд“ сосема очекувано донесе теренска доминација на гостинот од Лондон. Сепак, избраниците на Микел Артета се мачеа и не успеваа да го скршат отпорот на домашните. „Топчиите“ имаа неколку сериозни шанси за гол, најзрелите беа преку Габриел Мартинели кој не реализира зицер, а ударот на Букајо Сака со глава едвај го одбрани голманот Матс Селс.
Во финишот на средбата имаше и еден спорен момент, бидејќи за да ја задржи топката во игра и да нема корнер Ола Аина играше со рака. Судијата Мајкл Оливер на теренот не можеше да го забележи тоа, меѓутоа ВАР собата не го ни повика да ја прегледа ситуацијата и тоа крена прашина.
Арсенал има сериозна предност на врвот во Премиер лигата и е на „плус седум“ во однос на Манчестер Сити и Астон Вила, меѓутоа тимот од Бирмингем утре игра дома со Евертон.

