• Мартин Танасковски
Екипата на ПСЖ со голема победа заминува од Англија. Францускиот првак го победи Арсенал на „Емирати“ (0-1) и има одлична можност да игра во ново финале на Лигата на шампионите, секако, ако го покаже истото и во Париз пред својата публика.
- Извештај од натпреварот:
Арсенал немаше пораз во својот дом веќе 11 средби во ЛШ, се до овој дуел со парижаните. Нерешлнива енигма за нападот на англискиот премиерлигаш беше италијанскиот голман Џиџи Донарума кој повторно блесна меѓу стативите како и на претходните гостувања во Англија и со неколку одбрани ги израдува навивачите на „светците“.
Мечот го реши еден ран погодок, кој падна во воведните минути. Уште во 4. минута, најдобриот играч Осман Дембеле прими топка во казнениот простор од Квича Кварацкелија и ја смести во мрежата на Раја. Дуелот беше супер-динамичен, може сите да жалат што немаше повеќе голови. Во мрежата топка успеа да смести и Арсенал, тоа беше во 47. минута кога Мерино погоди со глава по еден прекин, но ВАР ја скрати радоста затоа што имаше офсајд.
Во вториот дел и двата тима правеа притисок, но затаи реализацијата. Како што споменавме Донарума беше „фактор-икс“ за ПСЖ, додека кај Арсенал, пречката беше сојузник на Раја при еден обид на Дуе. Проблем за Луис Енрике на ова гостување беше и што се повреди стрелецот Осман Дембеле, за кого се стравува дека има мускулна повреда и може да го скокне реваншот.
Реваншот меѓу ПСЖ и Арсенал на „Паркот на принцовите“ е закажан на 7 мај. Во второто полуфинале во елитното друштво играат екипите на Барселона и Интер.