ВИДЕО: Арсенал убедлив, го надигра и декласира Њукасл во Лондон

Четата на Микел Артета, екипата на Арсенал демонстрира сила и убедливо го совлада Њукасл со 4-1 (2-0) во дуелот од 26. коло на Премиер лигата кој се одигра на „Емирати“. Неславно деби меѓу стативите на „страчките“ имаше Лорис Кариус, бидејќи Еди Хау не можеше да смета на првите две опции Ник Поуп и Мартин Дубравка. „Топџиите“ со по два гола во полувремињата го решија натпреварот во своја корист. 

  • Извештај од натпреварот:

Уште од стартот се виде како би требало да тече натпреварот. Њукасл апсолутно ништо не покажа во првото полувреме, немаше ниту шут кон голот, а на спротивната страна страна Арсенал ги искористи шансите. Резултатот беше отворен преку автоголот на Свен Ботман. Холанѓанецот во обид да расчисти по корнер го измами Кариус и домашните поведоа (1-0) во 18. минута. Само шест подоцна Каи Хаверц искористи „сервирана“ топка од Мартинели и ја удвои предноста (2-0). 

Вториот дел продолжи со слично темпо, меѓутоа гостите малку се разбудија и барем се обидоа да дојдат до погодок. По шансите на Сака и Мартинели за домашните, како и Исак за Њукасл следеа уште два брзи гола. Букајо Сака во 65. минута искористи асистенција од Хаверц и зголеми на 3-0, а веќе во 69. стрела и Јакуб Кивиор по проигрување од Рајс. За ублажување на поразот се погрижи Џо Вилок и во завршницата ги постави конечните 4-1. 

Арсенал со триумфот одржа чекор со водечките Ливерпул и Манчестер Сити, има бод помалку од шампионот и два од лидерот. Од друга страна, Њукасл е осмопласиран на десет бода под првото место кое води во Европа.

Состави

Микел Артета

4-3-3

    Еди Хоу

    4-3-3