• Саше Љолес

Екипата на Арсенал успеа да победи на гостувањето кај Славија Прага и славеше со конечни 1-2 (0-2) во натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите.
Тимот на Микел Артета ги запечати трите бода со два гола во првото полувреме, а стрелци беа Нони Мадуеке во деветтата, и Виктор Ѓокереш во 38. минута. Имаа „топчиите“ шанси и во вториот дел, но не ја затресоа мрежата.
- Славија Прага - Арсенал 1-2:
Славија се бореше, не остави впечаток на слаб тим и петпати се закани во рамките на голот, а на самиот крај успеа да постигне и почесен погодок преку Виктор Новак. За Арсенал ова е трета победа во елитата, со која е на третата позиција со 10 бода и гол разлика 8-3.
Манчестер Сити го совлада РБ Лајпциг со конечни 2-3. За „граѓаните“ стрелаа Енцо Фернандез и Ерлинг Халанд, а автогол си постигна Кастело Лукеба.
- РБ Лајпциг - Манчестер Сити 2-3:
Домашниот тим погодуваше преку Ридле Баку и Антонио Нуса, но немаше сили докрај да му се спротивстави на силниот премиерлигаш. За Ерлинг Халанд ова беше петти сезонски погодок.
Англискиот тим исто така ја впиша третата победа и во моментов е на седмото место на табелата.
- ПСВ Ајндховен - Бриж 1-2:
Клуб Бриж станува вистински хит откако и вечерва оствари победа на гостувањето кај ПСВ Ајндховен со конечни 1-2, а екипата на Викинг убедливо го совлада Сабах Баку со резултат 4-1.
- Викинг - Сабах 4-1:
Следното петто коло на Лигата на шампионите се игра за три недели.







