ВИДЕО: Арсенал тотално инфериорен, Стерлинг ги отвори „топџиите“ во дербито

Манчестер Сити го зададе првиот удар во дербито против Арсенал. Рахим Стерлинг ја продолжи голгетерската серија против „топџиите“, кои заслужено се во негатива на ова гостување.

Англискиот репрезентативец се најде на вистинското место, по одбиената топка од страна на Лено, и од 11 метри ја смести топката во гостинскиот гол.

Сити на Пеп Гвардиола игра за прекин на лошата серија во Премиер лигата, која гласи два меча без победа.