• Горан Упале

Микел Артета ги врати насмевките кај фановите на Арсенал, откако славниот англиски клуб повторно го подигна пехарот од ФА Купот.
„Топчиите“ со минимални 2-1 славеа во големото финале против градскиот ривал Челзи, а според тамошните медиуми голем број на фудбалери кои помогнаа во овој успех најверојатно ова лето ќе го напуштат тимот. „Дејли Мејл“ пишува дека Арсенал ќе биде доста активен на трансфер-пазарот, а Микел Артета подготвува вистинска чистка во своите редови и на листата за продажба ќе стави дури десет играчи.
Тоа се Матео Гендузи, Сократис, Лукас Тореира, Сеад Колашинац, Шкодран Мустафи, Месут Озил, Роб Холдинг и Хенрик Михитарјан, па дури и искусните Лаказет и Белерин.
Примарна цел на Артета и Арсенал ова лето ќе им биде да го задржат капитенот Обамејанг, а младиот стратег веќе има доставено листа на фудбалери кои сака да ги види во своите редови.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.