ВИДЕО: Арсенал со ВАР се спаси од „волците“ и остана на врвот

Арсенал дојде до нова победа во Премиер лигата и остана на првото место. „Топџиите“ дома го победија Вулверхемптон (2-1) и тоа со доста мака, па ја забележаа десеттата победа во актуелната сезона.

  • Арсенал - Вулверхемптон 2-1:

Во самиот финиш фаворитот можеше да остане без победа, но ВАР застана на страната на Арсенал и го поништи пеналот за Вулверхемптон. До победата лондонскиот тим дојде со головите на Букајо Сака и Мартин Едегард во првото полувреме. Единствен стрелец за „волците“ беше Куња во вториот дел.

  • Брентфорд - Лутон 3-1:

Брентфорд не виде мака со Лутон кој се бори за опстанок и на домашен терен го совлада со 3-1. На полувремето немаше голови, а Маупај и Ми погодија за 2-0 на фаворитот на оваа средба во 49. и 56. минута. Браун ги врати надежите кај гостите, меѓутоа точката ја стави Баптисте во 82. минута.

Убедлив беше Барнли на Винсент Компани, кој го демолира Шефилд Јунајтед со убедливи 5-0 пред својата публика. Родригез и Брун-Ларсен донесоа 2-0 за домашниот тим на паузата, а во второто полувреме стрелаа Амдуни, Колеошо и Браунхил. Работата на Барнли му ја олесни и црвениот картон на Мекбарни пред крајот на првото полувреме. Дарко Чурлинов не беше во протоколот за оваа средба.

Состави

Микел Артета

4-3-3

    Гери О'Нил

    4-4-1-1