ВИДЕО: Арсенал со „шестка“ против Ленс се чекира во осминафиналето

Фудбалерите на Арсенал се чекираа во осминафиналето на Лигата на шампионите и тоа на убедлив начин, совладувајќи го Ленс со 6-0 (5-0). Мечот на „Емирати“ понуди неверојатен прв дел за домашната публика и пет гола во мрежата на францускиот ривал. Откако веќе ја завршија работата, избраниците на Микел Артета рутински го доработија натпреварот. Со оваа победа „топџиите“ имаат 12 бода и се сигурни во нокаут рундата, а со себе го повлекоа и ПСВ. Од друга страна, во директна битка за третото место ќе се судрат Севиља и Ленс.

  • Арсенал - Ленс 6-0:

Голеадата во Северен Лондон ја започна Каи Хаверц, кој во 13. минута го отвори резултатот (1-0). Следеше краток мирен период, за потоа од 21. до 27. минута преку Габриел Хесус, Букајо Сака и Габриел Мартинели домаќинот да дојде до убедливи 4-0. Пред полувремето за точка на триумфот стрелаше капитенот Мартин Одегард (5-0). Вториот дел не понуди премногу, па Арсенал рутински ја заврши својата задача. Конечните 6-0 ги постави италијанскиот играч за врска Жоржињо, кој во 86. минута стрела од белата точка.

Екипите на Бенфика и Интер одиграа реми со дури шест гола (3-3), во рамките на петтото коло од елитното натпреварување. Иако гостинот допатува на „Да Луж“ без резултатски амбиции, со комбиниран состав и олабавен, а Португалците мораа да победат, не успеаја во тоа и испуштија водство од 3-0. Жоао Марио беше херој на Бенфика во првиот дел бидејќи даде хет-трик, ама потоа следеше опуштање и казна, па Интер преку Арнаутовиќ, Фратези и Санчез успеа да избегне прв пораз. 

  • Бенфика - Интер 3-3:

Во оваа група се одигра и натпреварот меѓу Реал Сосиедад и Салцбург кој заврши без голови (0-0). Сосиедад и Интер имаат по 11 бода и во последното коло ќе водат битка за првата позиција во групата, додека Бенфика мора да го победи Салцбург со повеќе од два разлика за трето место.

  • Реал Сосиедад - Салцбург 0-0:

Последното коло од Лигата на шампионите се игра на 12 и 13 декември.

Состави

Микел Артета

4-3-3

    William Still

    3-4-3