• Мартин Танасковски
Екипата на Арсенал ја прекина лошата серија и со победа над Челзи (1-0) во лондонското дерби им се врати на победите во англиската Премиер лига.
„Топџиите“ имаа еден пораз и две ремија во низа, но со три бода против големиот градски ривал застанаа на минус од 12 бода во однос на лидерот Ливерпул на табелата во англиската елита на девет кола пред крајот.
Единствениот погодок на мечот на „Емирати“ падна во првото полувреме, тоа беше во 20-тата минута, кога Микел Мерино доби топка од Мартин Одегард и успеа да го совлада Санчез за предност, која на крај се покажа како клучна за „црвено-белите“ од Лондон.
Во второто лондонско дерби на денот, Фулам го остави Тотенхем во долниот дел на табелата во Премиер лигата, совладувајќи го со 2-0 (0-0). Двата погодоци во мрежата на „петлите“ беа дело на Родриго-Муниз и Сесењон во 78. и 88. минута.