ВИДЕО: Арсенал сигурно чекори кон ЛШ, Евертон побегна од опасната зона

Фудбалерите на Арсенал продолжија со сигурен чекор кон пласман во Лигата на шампионите, откако славеа на домашниот дуел со Лидс Јунајтед со 2-1 (2-0). На три кола пред крајот „топџиите“ имаат четири бода предност пред Тотенхем, но и меѓусебен дуел за четири дена со „петлите“. 

  • Арсенал - Лидс Јунајтед 2-1: 

Еди Нкетиа беше херој на Микел Артета во пресметката со Лидс, бидејќи во петтата и десеттата минута донесе рано двојна предност за Арсенал. Наместо налет на Лидс, домаќинот продолжи да го контролира темпото, а голема глупост направи Лук Ајлинг и заработи директен црвен картон. 

<<< - ПОВРЗАНО - Старт „за затвор“ на Ајлинг – тргна со две нозе кон Мартинели и доби црвен картон! (ВИДЕО)

Во продолжението момците од Јоркшир успеаја да намалат на 2-1 во 66. минута преку дефанзивецот Диего Љоренте. Лидс имаше шанси и за израмнување, меѓутоа не ги искористи, а слично беше и на спротивната страна каде што Арсенал промаши неколку удари. На крајот домаќинот се израдува на важни бодови. 

Голема победа извојува и екипата на Евертон, на гостувањето кај Лестер Сити (1-2). „Карамелите“ предводени од Франк Лампард конечно врзаа две победи во низа кои ги кренаа над опасната зона и сега опстанокот е сè поизгледен. Натпреварот на „Кинг Пауер“ тргна со погодок на Миколенко, кој го анулира Дака. Сепак, по половина час игра конечниот резултат го постави Холгејт. 

  • Лестер Сити - Евертон 1-2: 

Евертон има 35 бода, по еден повеќе од Барнли и Лидс, меѓутоа и натпревар помалку на своето конто.

  • Норич Сити - Вест Хем 0-4:

По европската елиминација Вест Хем славеше на теренот на Норич со 0-4.

Состави

Микел Артета

4-3-3

    Jesse Marsch

    4-2-3-1