ВИДЕО: Арсенал сигурен против Ворксла, Ристовски и Спортинг го добија Карабах

Фудбалерите на Арсенал, кои се еден од фаворитите за освојување на Лига Европа, успешно ги започнаа своите настапи, откако на својот „Емирати“, во рамките на групата Е  ја совладаа Ворксла со 4-2 (1-0).

Избраниците на Унаи Емери од самиот старт беа доминантни, а голот за водство го постигна Обамејанг во 32. минута. Отпорот на Украинците целосно беше скршен на стартот на вториот дел, откако најпрво Велбек во 48. минута, а потоа и Обамејанг осум минути подоцна донесоа убедливи 3-0 за Арсенал. Во 74. минута погоди и Месут Озил за убедливи 4-0, а до крајот за гостите погодија Чеснаков и Шарпар за конечни 4-2.

Во вториот меч од групата Е, Спортинг Лисабон на Стефан Ристовски на домашен терен славеше победа од 2-0 (0-0) против тимот на Карабах. По, 0-0 на полувреме, на стартот на вториот дел португалскиот тим со голот на Рафиња поведе со 1-0, а конечните 2-0 ги постави Кабрал во самиот финиш на натпреварот. Нашиот Ристовски повторно одигра цел натпревар и уште еднаш беше на висината на својата задача.

Во групата Ф, фудбалерите на Милан славеа гостинска победа од 0-1 против најголемото изненадување, тимот на Дуделанж. Луксембуржаните пружаија силен отпор, кој Италијанците го скршија дури во вториот дел, по голот на Игуаин во 59. минута, што на крајот се покажа и како доволно за освојување на три бода.

Во натпреварот кој се играше во Атина, фудбалерите на Олимпијакос ремизираа против Бетис со почетните 0-0. Гостите од 73. минута играа со човек повеќе по исклучувањето на Цимикас, но до крајот на мечот тоа не го искористија.

Во натпреварите од Ц групата, Славија Прага на домашен терен го совлада Бордо со 1-0, а Копенхаген одигра 1-1 против тимот на Зенит.