ВИДЕО: Арсенал се прошета во Ипсвич, Вулверхемптон го освои „Олд Трафорд“

Ливерпул нема да ја слави премиерлигашката титула овој викенд. Арсенал си ја заврши работата и забележа лесна победа на гостувањето на „фенерџијата“ Ипсвич Таун со 0-4 (0-2) и покажа дека е во добар момент. Така, и победа во Лестер попладнево нема да значи шампионско славје за момците на Арне Слот.

  • Ипсвич Таун - Арсенал 0-4:

Иако Артета ротираше Арсенал лесно го победи новиот премиерлигаш. Натпреварот ќе се памети по магичната асистенција на Микел Мерино во првото полувреме. Тросард и Мартинели ги постигнаа головите за „тобџиите“ во првиот дел, а Белгиецот погоди и во продолжението. Финалните 0-4 ги постави Нванери во 88. минута. Лефт Дејвис доби црвен картон во 32. минута и им ја олесна работата на гостите од Лондон.

  • Фулам - Челзи 1-2:

Челзи освои големи три бода на гостувањето на „Кревин котиџ“ против градскиот ривал Фулам. Натпреварот заврши 1-2 (1-0) за „сините“ со евроголот на Педро Нето во судиското надополнување. Претходно младиот Тајрик Џорџ со гол во финишот го поништи водството на домаќините, кое го обезбеди Алекс Ивоби во раната фаза.

  • Манчестер Јунајтед - Вулверхемптон 0-1:

Подмладениот Манчестер Јунајтед претрпе пораз на „Олд Трафорд“, плаќајќи ги напорите и ротациите од дуелот со Лион. Вулверхемптон носи три бода од „Театарот на сништата“, откако попладнево славеше со 0-1 (0-0), со голот на Пабло Сарабија.

Попладнево играат Лестер Сити и Ливерпул, а колото се затвора утре со дуелот Тотенхем - Нотингем Форест,