ВИДЕО: Арсенал рутински го реши ПСЖ, Барса се распука против Јанг Бојс!

Екипата на Арсенал полесно од очекуваното славеше во дербито на денот во второто коло од Лигата на шампионите. На „Емирати“ совладан беше францускиот шампион ПСЖ, со резултат 2-0 (2-0).

  • Арсенал - ПСЖ 2-0:

Луис Енрике се соочи со големи проблеми во составувањето на стартниот тим за овој натпревар. Надвор од конкуренција останаа Дембеле (казна), Лукас Хернандез, Кимпембе и Гонзало Рамос, додека на клупата останаа Коло Муани, Асенсио и Фабиан Руиз. На спротивната страна Артета одново тргна со Тросард во офанзивата, во отсуство на капитенот Одегард.

Проблемите кај францускиот гигант веднаш се почувствуваа. Арсенал отвори многу поквалитетно и поофанзивно, а тоа резултираше до два гола во мрежата на Донарума. Хаверц на додавање на Тросард погоди за 1-0, а во 35. минута Сака со многу среќа од слободен удар го совлада италијанскиот чувар и на Арсенал му донесе комотни 2-0 на полувреме. ПСЖ во првите 45 минути само еднаш се закани кон домашниот гол – Мендеш од полулево биеше во стативата на домаќинот, при резултат 1-0. 

Во второто полувреме ПСЖ очекувано имаше иницијатива, но Арсенал беше поблиску до нов гол. Мартинели и Хаверц прокоцкаа колосални шанси за убедливи 3-0, но и со овој резултат „топџиите“ се задоволни и по ремито со Аталанта во Бергамо ја впишаа првата победа во новата сезона во Лигата на шампионите.

Први три бода на своето конто запиша екипата на Барселона. По поразот од Монако во претходното коло, вечерва Каталонците не дозволија ново изненадување и со убедливи 5-0 (3-0) го совладаа Јанг Бојс

  • Барселона - Јанг Бојс 5-0:

Прва домашна радост донесе искусниот Роберт Левандовски, кој на додавање на Рафиња ја смести топката во противничката мрежа, но она што вреди да се издвои е прекрасната акција на момците на Флик во која учествуваа скоро сите фудбалери од средниот ред и нападот. До крајот на првото полувреме мрежата на гостите се тресеше уште двапати. Во 34. минута Рафиња зголеми на 2-0, а Ињиго Мартинез на асистенција на Педри погоди за убедливи 3-0. Полскиот ас на стартот од вториот дел со нов погодок стави крај на сите надежи на гостите, додека конечните 5-0 ги постави Камара (автогол).

Состави

4-2-3-1

    Луис Енрике

    4-3-3