ВИДЕО: Арсенал продолжи со стил, пред „топчиите“ падна и Њукасл

Екипата на Арсенал фати ритам. По кризата и седумте натпревари без пораз, избраниците на Микел Артета врзаа пет меча без неуспех, а најновата победа е против Њукасл (3-0) во Премиер лигата.

  • Извештај од натпреварот:

Домаќинот комплетно доминираше и заслужено ги запиша трите бода. Лондонскиот премиерлигаш и некогашен првак фаќа залет, но повторно е далеку од најдобрите екипи во елитата поради лошиот старт.

По првиот дел без голови, но огромна доминација на Арсенал, резултатот го отвори Обамејанг. Габонецот погоди во 50. минута, а десет минути подоцна младиот Сака зголеми на 2-0. Најдобриот играч на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг постигна втор гол во 77. минута за конечни 3-0, а беше признат иако беше прегледуван со ВАР.

Арсенал се наоѓа на десеттото место во Премиер лигата со 27 освоени бода, шест помалку од Тотенхем и првото место кое води во Лига Европа.