ВИДЕО: Арсенал преживеа во Лиеж и го избегна „пеколот“ во ЛЕ!

Екипата на Арсенал се спаси од пораз против Стандард Лиеж (2-2) и во нокаут-фазата од Лигата на Европа оди како лидер.

  • Стандард Лиеж - Арсенал 2-2: 

„Топџиите“ имаа негатива од два гола до 78. минута, но се спасија на гостувањето и ќе бидат носители на ждрепката. Арсенал така ќе игра со второпласираните тимови во групите од ЛЕ, со можност од Лигата на шампионите да му се паднат Баер Леверкузен, Олимпијакос, Клуб Бриж или Шахтјор.

Што се однесува до мечот, сите четири гола паднаа во второто полувреме. Стандард поведе рано преку Бастиен во 47. минута, а потоа избраниците на Љунгберг ги шокира Амалах, кој стрелаше во 69. минута. Следеа два брзи гола на Арсенал, кои може да се оценат како „златни“, а истите беа дело на Лаказет во 78. и Сака во 81. минута.

Покрај Арсенал, понатаму од групата оди Ајнтрахт Франкфурт, кој иако загуби од Виториjа Гимараеш (2-3) останува втор на табелата. Германците имаат среќа што Стандард не победи во дуелот со Арсенал, затоа што ќе се соочеа со елиминација.

  • Ајнтрахт Франкфурт - Виторија Гимареш 2-3: 

Состави

Michel Preud'homme

4-5-1

    Микел Артета

    3-4-3