Арсенал потврди: Лукас Тореира заработи фрактура на десниот зглоб

Фудбалерот на Арсенал, Лукас Тореира се повреди на дуелот против Портсмут (0-2), кој се играше во рамки од осминафиналето на ФА Купот. Уругваецот беше заменет уште во 16. минута, а според најавите од клубот тој заработил фрактура на десниот зглоб. 

Арсенал соопшти дека фудбалерот ќе биде подложен на тестирања, но играчот за врска го очекува подолга пауза, можеби и до крајот на сезоната. Сепак, добри вести за Артета се враќањето на Киеран Тирни, како и Сеад Колашинац кој би требало да се приклучи на тимот во наредните недели.

„Топџиите“ имаат позитивна серија во домашните натпреварувања, но испаднаа од Лига Европа од Олимпијакос, па шансите за влез во Лигата на шампионите сега им зависи од пласманот во шампионатот, а таму голем им е заостанувањето до водечките позиции.

За време на викендот Арсенал на „Емирати“ го игра лондонското дерби против Вест Хем на Дејвис Мојс.