ВИДЕО: Арсенал не наседна на притисокот и го „тресна“ Рен за четвртфинале во ЛЕ! 

По Челзи, кој го декласира Динамо Киев и во реванш-средбата, и вториот англиски претставник во осминафиналето на Лига Европа, Арсенал, се избори за место меѓу осумте најдобри во најмасовното клупско натпреварување на УЕФА. 

Вечерва, „топџиите“ на Унаи Емери го одиграа можеби најдобриот натпревар на европска сцена и на рутински начин стигнаа до победа од 3-0 во дуелот со Рен, по која го продолжуваат походот кон пехарот во ова натпреварување. 

Извештај од натпреварот Арсенал - Рен:

Фудбалерите на англискиот гигант за само 15. минути ја анулираа негативата од 3-1 од првиот натпревар во Франција и стигнаа до водство од 2-0, кое во продолжение искусно го чуваа и во ниту еден момент не го ставија во искушенија искусниот Петр Чеш. 

Резултатот го отвори првиот стрелец на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг со гол уште во 5. минута, а големата радост на „Емирати“ донесе младиот Ејнсли Мејтланд-Нилс, кој на асистенција на стрелецот на првиот гол, со глава го стресе Кубек и го визира патот на својата екипа до заслужената победа. 

Во вториот дел домаќините очекувано се откажаа од офанзивниот пристап на игра и свесно се повлекоа на својата половина, но Рен наместо да го искористи тоа, Обамејанг во 72. минута им ја запечати судбината на Французите и ги постави конечните 3-0. 

Фудбалерите на Виљареал повторно го надиграа Зенит и со нова победа од 2-1 се чекираа во четвртфиналето на Лига Европа. На првиот натпревар во Санкт Петербург, Шпанците славеа со 1-3, па со вкупни 5-2 повеќе од заслужено ги продолживаат настапите во ова натпреварување. 

Вечерашната победа на „жолтата подморница“ ѝ ја донесоа искусните Џерард Морено и Карлос Бака со голови во 26, односно 47. минута. Почесниот погодок за Зенит го постигна Бранислав Ивановиќ во 91. минута.

Извештај од натпреварот Виљареал - Зенит: 

Ждрепката за четвртфиналните парови е закажана за утре со почеток од 13:00 часот.