Арсенал не го дава капитенот, Обамејанг останува на „Емирати“

По долгите шпекулации и преговори, Арсенал се договори со својот капитен и најдобар играч и го продолжи договорот на Пјер Емерик Обамејанг. Габонскиот напаѓач имаше уште една година од претходниот договор, а сега се обврза на дополнителни две и парафираше соработка до 2023 година. 

  • Официјална презентација: 

Обамејанг е главна алка во тимот на „топџиите“ каде се наметна веднаш по доаѓањето од Борусија Дортмунд во 2018 година. Досега, на 111 одиграни средби брзоногиот фудбалер постигна 72 погодоци и запиша 15 асистенции. 

Иако за неговите услуги беа заинтересирани многу гиганти, Обамејанг нема да ја менува средината. Освен во Арсенал и Дортмунд, Габонецот се проби од младинскиот тим на Милан каде не доби шанса и играше уште за Дижон, Лил, Монако и Сент Етјен. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.