ВИДЕО: Арсенал не го дава четвртото место и со ПЕТ гола го „потопи“ Борнмут

По тешкиот пораз од Манчестер Сити екипата на Арсенал ја запиша третата победа во низа во најквалитетното англиско натпреварување. Вечерва, во рамки од вонредното 28. коло на Премиер лигата пред разиграните „топџии“ падна тимот на Борнмут на Еди Хоув, кој на крај беше поразен со убедливи 5-1 (2-1).

На „Емирати“ домашните фудбалери забележаа нов квалитетен натпревар и со контрола врз играта во текот на сите 90. минути стигнаа до 17. победа во англискиот шампионат и го задржаа четвртото место на табелата. 

Дефанзивната на Борнмут беше скршена по само четири минути игра, кога на асистенција на Колашинац, Месут Озил го отвори резултатот и донесе водство за Арсенал од 1-0. Офанзивниот пристап на фудбалерите на Емери донесе ново тресење на мрежата на Боруч, овој пат од страна на Михтарјан, но на полувреме се замина со предност на Арсенал од 2-1, откако по грешката на Гандузи, Луис Мусе ја намали негативата на Борнмут. 

Сепак, Арсенал уште на стартот на вториот дел го врати водството од два гола, со голот на капитенот Кошeлни, за веднаш потоа Обамејанг во 59. минута да зголеми на 4-1. Конечните 5-1 ги постави Лаказет во 78. минута од мечот. 

Во терминот од 20:45 часот се одигра и мечот на „Сент Мери“, на кој домашните фудбалери со головите на Ромеу и Ворд Праус запишаа значајна победа во борбата за опстанок над тимот на Фулам (2-0).