ВИДЕО: Арсенал направи сензација и ја симна Барселона од тронот во ЛШ!

Женскиот фудбалски тим на Арсенал е нов шампион на Европа, откако во финалето во Лисабон славеше над Барселона (1-0) која паѓа од тронот по две европски круни во низа.

Каталонките важеа за апсолутни фаворити, но тимот од Премиер лигата славеше над нив. Иако Барселона е „дрим-тим“, составен од фудбалерки кои ги понесоа сите награди за минатата година, Арсенал дојде до титулата по првпат во форматот на ЛШ, или вторпат ако се земе предвид УЕФА Женскиот Куп кој го освои во 2007.

Во првиот дел Арсенал даде гол, но беше поништен со ВАР заради офсајд. Барселона доминираше, создаваше шанси, но немаше реализација. За тоа, шпанскиот тим беше казнет во 75. минута, кога Блекстајнус погоди по асистенција на Мед.

  • Извештај од натпреварот:

Дел од овој меч беше најдобрата македонска судијка Ива Пројковска. Таа беше четврти судија на мечот во Лисабон.

ФОТО: Arsenal Women / Twitter