• Саше Љолес
Микел Артета и неговиот стручен штаб од Арсенал се во напредни преговори со шпанскиот репрезентативец, Микел Мерино, кој се очекува набргу да пристигне во Лондон ако сите детали од договорот се „испеглаат“.
Англиските медиуми пишуваат дека „топчиите“ се близу до конечната сума за трансферот за 28-годишниот играч на Реал Сосиедад, кој имаше значајна улога на Европското првенство и со неговиот гол ја одведе Шпанија во полуфиналето (гол во 119. минута против Германија).
Мерино е член на баскискиот клуб веќе шест години, а претходно ги бранеше боите на Борусија Дортмунд, Осасуна и Њукасл Јунајтед. Со шпанската селекција стана европски шампион летово во Германија.
Неговиот договор со Реал Сосиедад е со важност до јуни 2025 година, но се претпоставува дека Арсенал веќе се договори за трансфер вреден 40 милиони евра, плус дополнителни бонуси.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.