• Саше Љолес

Лондонскиот премиерлигаш, Арсенал, се огласи по повод обвинувањата за сексуален напад против нивниот веќе поранешен фудбалер, Томас Парти.
„Топчиите“ дознаа за обвинението преку медиумите и веднаш се оградија од неговите постапки, со оглед на тоа што неговиот договор истече на 30 јуни годинава.
„Томас Парти повеќе не е играч на Арсенал. Неговиот договор истече на 30 јуни и ние немаме коментар за овие наводи од обвинителството. Оставаме истражните органи да го комплетираат случајот, а клубот стои на располагање за било каква соработка“, стои во краткото соопштение.
За потсетување, Парти доби обвиненија за повеќе сексуални напади и силување на две жени, кои преку своите адвокати поднеле дури пет различни кривични пријави.
ФОТО/PHOTO: Arsenal.com