Арсенал ја прокоцка својата шанса

Микел Артета со поразите од Тотенхем (0-3) и Њукасл (0-2) практично го испушти местото во Лигата на шампионите и го дочекува последното коло и дуелот со тимот во кој остави неизбришлива трага во незавидна положба. Единственото сценарио според кое Арсенал би можел да добие виза за најсветлата европска сцена е да го совлада Евертон в недела, без Тотенхем да освои бод на гостувањето кај Норич.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Арсенал - Евертон

Со тоа што тешко дека веќе повратникот во Чемпионшип ќе успее да ги запре „петлите“, работата на „топџиите“ ќе му ја отежне мотивиран ривал. Со слабите резултати Евертон дојде до ситуација на последните натпревари пред крајот на првенството да стравува за својата судбина и да се наоѓа кај екипите од зоната за испаѓање. Позицијата на „карамелите“ беше подобрена со два триумфа на почетокот на мај, кога клубот од Ливерпул ги совлада Челзи (1-0) и Лестер Сити (2-1) и успеа да се задржи чекор пред Лидс и Барнли.

Сите квоти во MOZZART за останатите натпревари во Премиер лигата

Традицијата во меѓусебните дуели на двата клуба навестува интересна средба со умерен број на голови. Куриозитет е што Евертон има само еден пораз од Арсенал во последните шест натпревари, со четири победи и едно реми.