Арсенал ја активираше првата БОМБА, Бразилец го засили шампионот!

Арсенал го комплетираше едно од најголемите засилувања ова лето. Според најпознатиот трансфер-инсајдер Фабрицио Романо, Бруно Гимараеш е нов фудбалер на лондонскиот клуб, а договорот е финализиран со неговото препознатливо „Here we go!“. 

По долги преговори, Њукасл прифатил понуда вредна 75 милиони фунти, со што бразилскиот репрезентативец ќе се пресели на „Емирати“ и ќе стане едно од клучните засилувања на Микел Артета за новата сезона. 

Гимараеш зад себе остава одличен период во дресот на Њукасл, каде што беше капитен и еден од најважните играчи на тимот. Во Арсенал се очекува да формира моќен среден ред заедно со Деклан Рајс, во обид „топчиите“ повторно да се борат за највисоките цели во Премиер лигата и Лигата на шампионите. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.