Арсенал или Наполи одат на шпански ривал, Бенфика или Ајнтрахт го чекаат Челзи

По извлекувањето на четвртфиналните парови во Лигата на Европа на УЕФА, познати се и вкрстувањата во полуфиналната фаза во најмасовното европско клупско натпреварување.

>>> ЛЕ ждрепка: Наполи ќе го предизвика Арсенал, Челзи ќе има лесна задача против Славија Прага

Ждрепката посака во мечевите пред финалето, победникот од дерби-дуелот меѓу Арсенал и Наполи, да налета на Виљареал или Валенсија. Челзи, пак, кој се соочува со Славија Прага, ќе игра со подобриот од мечот меѓу Бенфика и Ајнтрахт Франкфурт.

Полуфинале сезона 2018/19:

  • Арсенал/Наполи - Виљареал/Валенсија
  • Бенфика/Ајнтрахт Франкфурт - Славија Прага/Челзи

Финале сезона 2018/19:

победник полуфинале 2 - победник полуфинале 1

Четвртфиналињата во ЛЕ се играат на 11 април, додека реваншите се седум дена подоцна. Првите полуфинални средби се закажани на 2 мај, а реваншите се на 9 мај. Финалето е на 29 јуни на „Олимпискиот стадион“ во Баку, Азербејџан.