ВИДЕО: Арсенал и со играч помалку до реми на „Стемфорд Бриџ“

Екипата на Арсенал одигра допадлив натпревар во лондонското дерби со Челзи и со бод (2-2) си заминува од незгодното гостување на „Стемфорд Бриџ“.

  • Извештај од натпреварот:

Челзи може да жали, затоа што гостинот со играч помалку дојде до реми. Арсенал од два шута даде два гола, а спасител на тимот на Артета беше голманот Лено кој бранеше фантастично на оваа средба. За Арсенал ова беше трето реми по ред, додека Челзи две кола по ред нема триумф.

По неколку шанси за Челзи, дуелот се отвори во 28. минута кога Шкодран Мустафи направи глупост и му подари топка на Хадсон-Одои, а Давид Луиз стартуваше одзади и судијата Атвел покажа на белата точка. Бразилецот за лизгачкиот старт доби црвен картон, а одговорноста ја презема Жоргињо и донесе предност за Челзи.

До крајот на полувремето Лено имаше една феноменална интервенција по обид на Хадсон-Одои, додека Арсенал беше во подредена улога и играше доста тешко. Во вториот дел „топџиите“ беа поактивни, па во 63. минута дојдоа до изедначување. Мартинели ја заврши работата сам, па успеа да го совлада Кепа.

Челзи потоа притисна, имаше добри можности преку Вилијан, Баркли и Абрахам, арно ама Лено беше супер-расположен. Конечно одбранбениот бедем падна во 84, минута со гол на Аспиликуета, арно ама радоста не траеше кратко, затоа што на спротивната страна возврати Хектор Белерин, за конечни 2-2.

Челзи во наредното коло го чека дерби-дуел со Лестер Сити, додека Арсенал гостува кај Барнли.

Состави

Френк Лампард

4-3-3

    Freddie Ljungberg

    4-2-3-1