• Мартин Танасковски
Екипата на Арсенал го продолжи победничкиот чекор во Премиер лигата и со победа над Саутемптон (3-1) во рамки на седмото коло на табелата застана зад лидерот Ливерпул.
- Арсенал - Саутемптон 3-1:
„Топџиите“ мораше да примат гол за да се разбудат и да почнат да ги реализираат шансите. По првиот дел без голови, Саутемптон дојде до позитива преку Арчер во 55. минута, а потоа домашниот тим како фаворит направи пресврт со головите на Хаверц и Мартинели.
Три бода освои и Манчестер Сити кој исто така прими прв гол, ама го совлада Фулам во ефикасен меч (3-2). Гостите од Лондон погодија на „Етихад“ преку Переира во 26. минута, а Ковачиќ во 32. минута донесе 1-1. Во вториот дел Хрватот погоди за 2-1, следеше гол и на Доку за 3-1, а Родриго Муниз ги постави конечните 3-2.
- Манчестер Сити - Фулам 3-2:
На останатите премиерлигашки натпревари, видовме голеада на дуелот Брентфорд - Вулверхемптон кој заврши 5-3, а Вест Хем дома убедливо го совлада Ипсвич со 4-1. Триумфира и Лестер Сити над Борнмут (1-0) благодарение на Буонаноте.
- Брентфорд - Вулверхемпон 5-3:
- Лестер Сити - Борнмут 1-0:
Попладнево се игра дуелот на „Гудисон парк“ меѓу Евертон и Њукасл Јунајтед.