ВИДЕО: Арсенал и Ливерпул со по „петарда“ до следната Куп-рунда

Фаворитите не разочараа и одиграа според планот во шеснаестинафиналето на Лига купот во Англија

Екипата на Арсенал славеше убедливо против некогашниот премиерлигаш Болтон Вондерерс со 5-1 (2-0). Иако Микел Артета одбра комбиниран состав, меѓу стативите стави 16 годишно момче, а играа и уште тројца младинци Арсенал без мака дојде до победата. Деклан Рајс во 16. минута го отвори резултатот и донесе предност. Потоа на крајот на првиот и стартот на вториот дел Итан Нванери постигна деби гол, кој го дополни и со втор (3-0). Колинс успеа да постигне почесен гол за Болтон, меѓутоа до крајот Стерлинг и Хаверц донесоа поубедлив триумф. 

Во премиерлигашката пресметка на „Енфилд“ фудбалерите на Ливерпул го совладаа Вест Хем со 5-1 (1-1). Гостинската екипа успеа да дојде до предност, откако Кванса си даде автогол на стартот. Сепак, потоа „црвените“ се кренаа и убедливо славеа. 

Двоен стрелец во 25. и 49. минута беше Диого Жота. Потоа погоди и првата ѕвезда на тимот Мо Салах, за во финишот Коди Гакпо да ја зголеми победата и да ја комплетира „петардата“ во гостинската мрежа.

Паровите во Карабао купот се влечат рунда по рунда преку ждрепка.