Арсенал и Челзи му прават услуга на Реал, Иско заминува за да пристигне Мбапе

Иско

Претстојното лето ќе биде бурно за фудбалерот на Реал Мадрид, Иско. Шпанецот е далеку од својата најдобра форма, но и покрја тоа добива значајна минутажа од Зинедин Зидан. Иако важи за еден од омилените фудбалери на Французинот, мадриѓани најверојатно ќе се разделат со него. Неколку премиерлигаши се интересираат за него, меѓу кои најсериозни кандидати се Арсенал и Челзи.

Англиските гиганти за него се подготвени да платат 70 милиони евра. Тоа би била одлична зделка за „кралевите“ кои ќе соберат дел од парите за да ја платат својата голема желба Килиан Мбапе од ПСЖ.

За да се случи тоа, шпанскиот клуб ќе мора да го сруши светскиот рекорд. Пред францускиот напаѓач стои богат договор од парижани, но тука е и понудата од Реал и сонот еден ден да заигра на „Сантијаго Бернабеу“.

Манчестер Сити и ПСЖ исто така би можеле да се вмешаат во трката за 27-годишниот креативец.